Џонсон Мети вработува инженери и контролори на производство

Bez autora
Feb 19 2014

Фабриката за производство на автокатализатори Џонсон Мети преку оглас во медиумите бара да вработи инженер, контролор и водител на производство. Според објавените огласи кои траат до 24 овој месец, Џонсон Мети има потреба од вработување на помлад лабораториски инженер за Одделот за контрола на квалитет во фабриката која странскиот инвеститор ја има во слободната зона во Бунарџик. Инженерот ќе биде одговорен за анализа на примероци на ниво на смена, користејќи лабораториска опрема со цел исполнување на стандардите за квалитет и задоволување на потребите на клиентите и останатите оддели во фабриката.

Џонсон Мети вработува инженери и контролори на производствоФабриката за производство на автокатализатори Џонсон Мети преку оглас во медиумите бара да вработи инженер, контролор и водител на производство.

Според објавените огласи кои траат до 24 овој месец, Џонсон Мети има потреба од вработување на помлад лабораториски инженер за Одделот за контрола на квалитет во фабриката која странскиот инвеститор ја има во слободната зона во Бунарџик.

Инженерот ќе биде одговорен за анализа на примероци на ниво на смена, користејќи лабораториска опрема со цел исполнување на стандардите за квалитет и задоволување на потребите на клиентите и останатите оддели во фабриката.

Вториот оглас се однесува на вработување на контролор на материјали кој е потребен во Одделот за хемиски премази во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Покрај ова, фабриката има потреба за вработување на водител на производствена линија во Одделот за производство. Според огласот, кандидатот треба да биде проактивен и аналитичен и да може да комуницира ефикасно, со членовите на тимот.

Со докажани способност за решавање на проблеми, стекнати од искуство во производствен процес, кандидатот треба да демонстрира способност за брза реакција во променлива средина.

Во огласот не е наведена платата предвидена за ова работно место, а покрај условите кои треба да ги исполни кандидатот се и една до две години работно искуство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik